оркестрира св. и несв.

оркестрира (св. и несв.)

Ги отфрли нагоре рацете за да оркестрира, да управува, да се размавне.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите телевизии фураат идентична шема, сите весници исто (па го има ли тоа негде, два кретена со, до скоро, потполно исти текстови - од кои зрачат бескрајно мрзоволие и тапост - во ист ден 40 години да се појавуваат ко тотална навреда за било кое чувство за плурализам и две страни на било каков аспект!?), сите културни списанија се исти, државата е исто што и невладините организации, фондациите личат на министерства, ко да сме чувари на најсветата ебена вистина во историјата на човештвото, толку проклето оркестрирано сѐ изгледа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Настаните ќе покажат дека сепак се работело за сон, но вешто оркестриран од мудриот владетел
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)